Press "Enter" to skip to content

Денес првиот тест на Томче Петрески против Пролет во второто коло од плеј-офот

По паузата која ја имаа ракометарите поради настаните од неделата на ракометот во нашата држава денес продолжува второто коло од плеј-офот. Екипата на Пелистер, денес ќе го игра вториот натпревар од плеј-офот против екипата на Пролет 62, на гостувањето во Скопје.

Овој натпревар ќе биде и прв тест на новиот тренер на РК Пелистер, Томче Петревски, кој ја презеде екипата на пред десетина дена по оставката на Борче Марковски по поразот од екипата на Еурофарм Работник во првото коло од плеј-офот.

За овој денешен натпревар, тренерот Томче Петревски вели:

-В0 изминатиот период откако ја презедов екипата на Пелистер бевме сконцентрирани на тренинзите за подобро да се подготвиме за натпреварот со екипата на Пролет, а во овие мини подотовки од околу десетина дена бевме комплетни за тренинзите, а сите беа тренажен процес и работевме на физичка подготвеност и на тактичка поставеност на играта. Денешниот натпревар ни е битен, а што се однесува пак до екипата на Пролет, таа е добра екипа, која има и засилувања, но ние сме јасно во нашите цели, одиме на победа во Скопје, но пак ќе повторам, се е во игра, топка е, се тркала и се е можно. Но, нам победата ни е во прв план и ќе биде поттик за понатамошната работа,  вели тренерот на Пелистер.

Натпреварот започнува во 19,30 минути.

More from СпортMore posts in Спорт »