Ски бордеите од Битола, од скијачкиот клуб Пелистер на натпреварувањето на ски патеките на Маврово, на “Мавровскиот меморијал“, освоија вкупно: 8 први места, 4 втори места и 2 трети места со што ја потврдија нивната доминација на домашните ски-бордер патеки.
Во два дена бордеите од Битола имаа неколку натпревари со одличен настап и ги постигнаа следните резултати резултати:
На 2 февруари се одржаа натпреварите во дисциплината велеслом и освоија четири први места на националното првенство.
Меѓународен FIS Snowboard Cup:
-Евгениј Ристевски – второ место, Ангела Ристевска – второ место, Андреј Мушуланов – трето место и Анамари Мушуланова – трето место
На 3 февруари се одржаа натпреаврите во слалом и освоени три први места на националното првенство.
Меѓународен FIS Snowboard Cup:
-Евгениј Ристевски – прво место, Андреј Мушуланов – второ место, второ место: Анамари Мушуланова – второ место.






