Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22:21 (8:10)
Спортска сала „Јован Калаузи“ – Битола
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола
Еурофарм Пелистер 2: Ивановски (6 одбрани), Бардакоски (3 одбрани), Ј. Талевски 2, Арсеновски 1, Петровиќ 4, И. Димитровски 1, С. Талевски 6, Дрогришки 1, В. Димитровски, Петровски 3, Кузманоски, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ 3, Митревски, Белистојановски, Јовановски, Блажевски 1.
Охрид: Брауновиќ (7 одбрани), Даниловски (10 одбрани), Андоноски 2, Ивановски, Кривокапиќ 1, Блажески 5, Костов, Чагаљ 3, Николов 1, Иваноски, Соколов, Младеновиќ, Наумоски, Манасков 2, Шулески, Ристески 1, Димитриески, Надев, Тот 3, Костов 3.
Во пријатески натпревар во Битола, со салата на Медицинското училиште во Битола, екипте на Еурофарм Пелистер 2 и Охрид одиграа ддинамичен и до крај неизвесен пријателски натпревар во кој победија домаќините со со 22:21, полувреме 8:10.
Првиот дел мина во знакот на подобра игра во одбрана отколку во напад на двете екипи, а охриѓани минимално водеа во текот на целото прво полувреме, а со 8:10 се отиде на одмор.
Момците на Јовиќ на почетокот од вториот дел израмнија на 11:11, а потоа се играше гол за гол, со минимална предност за охриѓани. Стрефан Талевски одигра одлично кога беше најпотребно, а погоди за 22: 21 на влезот во 59. минута, а голманот на битолчани го одбрани ударот од крило во последниот напад на охриѓани и не дозволи изненадување.
[ngg src=”galleries” ids=”651″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






