Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ гол од Битола се засили со две интернационалки од Босна и Херцеговина (фото)

Женскиот Фудбалски клуб“ Топ гол“ од Битола, денес во бар “Манаки“ во Битола ги претстави новите  засилувања кои се ангажираа во овој преоден рок.

Во Битола, во ЖФК Топ Гол две интернационалки кои доаѓаат од Босна и Херцеговина, Вукица Миќановиќ репрезентативка на БиХ која игра на позиција дефанзивен централен играч, а доаѓа од ЖФК Радник од Бјелина. Второто интернационално засилување е Милица Татиќ, поранешна младинска репрезентативка на БиХ која игра на позиција крилен напаѓач, а доаѓа од ЖФК Фортуна Живице, Тузла.Битолчанката Стела Најдоска по двегодишна пауза ни се приклучи во тимот, таа со своето искуство и како играч и како проф. по спорт ќе помогне за подигнување на атмосферата и натпреварувачкиот дух кај младите фудбалерки.

Четвртото засилување е младата и преспективна голманка Кристина Павлоска која доаѓа од ЖФК Љуботен, а со нејзиниот ангажман ја затвривме голманската позиција.

-Во досегашниот дел од преодниот рок успеавме да се донесиме четири квалитетни засилување, го подигнавме квлитетот и ја зголемивме конкуренцијата во тимот. Направивме добар договор со менаџерска агенција и успеавме да донесиме квалитетни играчи. Во преговори сме со уште неколку засилување и до крајот на преодниот рок се надеваме дека кај нас пристигнат нови засилувања. Топ гол станува сериозен проект, со амбизциозно раководство кое целиме на високи достигнувања. Изјави Кире Грбевски.

More from СпортMore posts in Спорт »