Press "Enter" to skip to content

Египетскиот голман Хендави пристигна во Битола, но нема виза за влев во Хрватска

Новото засилување на Еурофарм Пелистер на голманската позиција, египетскиот репрезентативен голмам, Карим Хендави пристигна во Битола, но поради недобивање на хрватска виза за влез во Хрватска нема да биде голот на Еурофарм Пелистер на утрешниот натпревар во Загреб.

Од клубот соопштија дека негово официјалното претставување ќе биде понеделник во  клупските простории. Хендави го доби дресот со број 88, а деновиве тој ќе тренира во Битола со помошникот тренер Божидар Мојсов, кој остана во Битола и работи со повредените ракометарите.

More from СпортMore posts in Спорт »