Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер: во Загреб без четворица повредени ракометари но со силна мотивација

Екипата на Еурофарм Пелистер вчера од Битола отпатува за Загреб, каде денес со истоимената екипа ќе игра натпревар во рамките на СЕХА лигата, со што ја отвора оваа пролетната полусезона на межународен план. А веќе на 10 февруари во Битола на свој терен на пречекува во двомеч екипата на Татабања.

Екипата од Битола сериозно ослабена ќе игра против  хрватскиот шампион ќе ја “брка“ втората победа во СЕХА оваа сезона, а Жељко Бабиќ, како и секогаш на оптимизам гледа на натпреварот и вели:

-Мотивациски е добро што ќе играме против ППД Загреб. Играме против одличен тим, добро воден и со одличен тренер. Игравме пред неколку дена пријателски натпревар, па и овојпат треба да уживаме. Во перспектива и за натпреварите против Татабања, овој дуел многу ќе ни значи. Од една моја тренерска перспектива се работи за екипи со приближен квалитет, но со различни карактеристики. Се радувам што ќе играме, што почна СЕХА лигата и, иако има многу натпревари, верувам дека тоа е добро. Ни дава убавина од спортска гледна точка, без разлика на победа и на пораз, а за самиот натпревар денес додава:

-Што се однесува до подготовката, имаме одредени проблеми и четири играчи од ростерот нема да патуваат заради физички проблеми. Се надевам дека барем еден ќе вратиме во тимот за натпреварите против Татабања, иако и тоа не е сигурно. Сепак, не е време да се жалиме и да кукаме, имаме други ракометари кои имаат свои вредноста, а и јас и клубот веруваме во нив. Дури и ќе се осудам да кажам дека изостанувањето на тие ракометари не би требало да се почувствува. Верувам дека со правилен пристап и мотивација и цврста одбрана ќе ни даде одредена динамика во самиот натпревар.

More from СпортMore posts in Спорт »