Јанта Волеј Форца – Пелистер Волеј 3:2
(25:23; 25:16; 18:25; 22:25; 15:10)
Пораз и значаен бод на одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, во третото коло од пролетниот дел против фаворитот Јанта Волеј, во натпревар во кој битолчанките одиграа натпревар за паметење. Се играа пет сета, а натпреварот траеше 2 часа и десет минути.
-Фантастичен натпревар, натпревар во кој несреќно го изгубивме првиот сет, а во вториот домаќинот покажа далеку поквалитетна игра од нас, сет во кој и премногу грешевме. Во третиот и четвртиот сет покажавме голем карактер и желба за игра и надигрување. Знаевме како да се вратиме од негатива 8:2 во едниот и од 11:4 во другиот сет и да ги добиеме овие сетови. На крајот, сосема заслужена победа на противникот, а со малку среќа немаше да е незаслужена ако беше за Пелистер Волеј, рече Роберт Митковски, тренер на екипата од Битола, кој за тоа како се одвиваше играта додаде:
-Менуваме на позиции секаде каде што мислевме дека можи да се извади максимумот и се појави кажа дека можни се нови поместувања и модификации, каде што се користи поголемиот дел од ростерот. Техничко – тактички одработивме прецизно онака како што се договоривме. Физичката подготовка е на најзавидно ниво и се надеваме на дополнително подигање на формата во пролетниот дел од сезоната која штотуку започна.
Поените ги освоија: Ева Трпеновска 24, Ана Пејовска 15, Стефани Најдановска 9, Ивана Белокозовска 3, Теодора Андоновска 3, Јана Василевска 2, Меланија Каралиоска 1, Михаела Цветановска 1.






