Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер имаше предност 40 минути, потоа пресврт и со пораз се враќа во Битола

ППД Загреб – Еурофарм Пелистер 26:23 (11:14)

Екипата на Еурофарм Пелистер се враќа во Битола со пораз од натпревар во кој ракометарите одиграа имаше две различни полувремиња на гостувањето во Загреб.  Битолчани во првото полувреме беа во резултатска предност и ја имаа играта, но некаде во средината на второто полувреме се случи пресвртот кој му донесе победа на домаќинот. 

Во Загреб, Еурофарм Пелистер во 4. минута дојде до 0:1, а во седмата минута беше 1:1. Еурофарм Пелистер во 13. минута поведе со 4:6, по што македонскиот тим продолжи со фантастичната игра до одморот, на кој се отиде со 11:14.

Вториот дел започна со 11:16 за битолчани, а во 43. минута ППД Загреб го израмни резултатот 17:17, а потоа и водство 19:18.  Поради петтемина повредени Бабиќ беше приморан чува силите за финишот од натпреварот, загрепчани одлично го искористија тоа и влегоа во нова серија која на крај им донесе тешка победа од три гола разлика 26:23.

Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Периќ  со 7 гола, а Граѓан и Маркоски погодија по три пати.

 

 

 

 

More from СпортMore posts in Спорт »