Еурофарм Пелистер од Битола го загуби дуелот синоќешниот натпревар од СЕХА лигата во Хрватска против екипата на ППД Загреб, и без бодови се враќа во Битола, а на официјалната прес конференција по завршување на натпреаварот рече дека одбраните на домашниот голман Ашанин во вториот дел беа клучниот фактор за поразот на неговиот тим на ова гостување.
-Честитки за победата на ППД Загреб, бодовите заслужено останаа тука. Кога беше најпотребно Ашанин беше одличен на голот и мислам дека неговите одбрани беа клучни за конечниот резултат. По тој период ние паднавме во интензитетот и домаќинот нè казнуваше. Мораме да бидеме компактни во текот на сите 60 минути, особено во одбраната, бидејќи ако не сме подготвени во одбраната тогаш тешко е да се победи. Во секој случај ние покажавме доста вечерва, не победивме, меѓутоа продолжуваме понатаму, рече хрватскиот стратег.
Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот на Татран Прешов на 27 февруари.






