Press "Enter" to skip to content

Капинковски и фудбалерите на Пелистер по враќањето во Битола, целта е опстанок во лигата (фотогалерија)

По десетина дена подготовки во Струга фудбалерите на Пелистер се вратија во Битола, го одработуваат завршните подготовки пред стартот на пролетниот дел од оваа фудбалска сезона. Потврдениот шеф на стручниот штаб на Пелистер, Димитар Капинковски за зимските подготовки во Струга на првиот трениг по враќањето во Битола рече:-Подготовките ни почнаа на осми јануари, изработивме 36 тренинзи и одигравме пет натпревари. Продефилираа 24 фудбалери, сите добија шанса за докажување и видовме кои се нивните можности. Ги проверивме нивните способности и се обидуваме да ја подигнеме формата пред дебито на 14 февруари против Вардар.За силувањата кои дојдоа и кои ги очекува Капинковски вели:

-Во овој преоден рок дојдоа три нови фудбалери, чекаме уште еден во офанзивната линија и ќе ни се приклучи штом се решат проблемите со документацијата. Пристигнаа Ристе Илијоски Дарко Размоски и Омар Гудиаби.  Со уште еден напаѓач мислам дека ќе го заокружиме овој преоден рок и ќе се стремиме кон добри резултати.За целта која ја има пред себе Капинковски и неговите фудбалери оваа пролет е конкретен:

-Знаете дека целта сезонава е опстанок, ако можеме директно, ако не преку бараж натпреварите.

More from СпортMore posts in Спорт »