Press "Enter" to skip to content

Прес на РК Еурофарм Работник: со анализа и тактичко изненадување до победа над Металург

Во пресрет на утрешниот натпревар од третото коло на плеј-офот на Машката супер лига прес-конференција се одржа во просториите на ракометниот клуб Еурофарм Работник.

На пресот зборуваше тренерот, Илија Темелковски кој рече:

-Ова е натпревар каков сите посакуваме во Битола, да гостува една квалитетна екипа која има добро реноме и ќе биде предизвик да се игра против неа, а Битола заслужува да доаѓаат тука и многу поквалитетни екипи. Сите го знаеме квалитетот на екипата на Металург, а и тоа дека ќе биде тешко да се игра на победа против таква екипа. Ние за време на паузата направивме анализа на играта на Металург, а и добро се подготвивеме. Во оваа прилика би го повикал сите љубители на ракометот во Битола, нашата публика, сите битолчани, а би упатил и покана до “Чкембарите“, бидејќи и ние сме битолска екипа, да ја наполниме салата, а ни треба и помош и од публиката.

Г0ран Кузманоски е новото засилување на екипата на Еурофарн Работник, а за утрешниот наторевар теј рече:

-Верувам во оваа екипа на Еурофарм Работник и затоа сум тука. Што се однесува пак до утрешната средба сакам да кажам дека ни претстои важен натпревар во кој влегуваме по паузата по натпреварот со Вардар, која ја искористивме за мини подготовки, а првата седмица беше навистина напорна. Утре ќе дадеме максимум, играчите ќе бидат мотивирани, а сигурно и салата ќе биде полна. Маталург е млада, но искусна екипа, со оглед на тоа што играат квалитетни натпревари, од Лигата на шампиони и СЕХА лигата, а тоа  значи дека се добро воиграни. Ние од друга страна имаме формула по која треба да ги изненадиме и да покажеме дека во Битола ќе им биде тешко да играат. Имаме 14-15 квалитетни ракометари, замена на секоја позиција, од кој ќе зависи крајниот резултат утре, посебно од одбраната.Јас лично посакувам победа со која ќе ни се оторат вратите  за излез во Европа.

Горан Крстевски на пресот додаде:

-Металург е фаворит, но домашниот терен и добрата анализа, како и секоја понудена шанса ќе ја искористиме за победа. Имаме и ние квалитетни ракометри кои имаа одиграно тешки натпревари, а со нивното искуство се надеваме на победа. 

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »