Press "Enter" to skip to content

Нов предизвик за Димсата, повторно на профи-меч во Швајцарија

Како и најави нашиот сограѓанин Александар Димовски – Димса веќе го закажа новиот професионален меч кој ќе се одржри на 12 мај во градот Олтен во Швајцарија.
Димсата ќе настапи во тешка категорија над 95 килограми, а противник ќе му биде Сазан Мемеди, на турнирот “STORY6“ на кој ќе има голем број на познати и силни борци во кик-бокс.
-Ова е нов предизвик за мене, кој и го очекував. Имам доволно време за анализа на противникот, а и да ја темпирам формата до 12 мај, ни рече кратко Димовски, по дознавањето на новиот противник.
За овој профи настап на Димовски ќе е изработен и промотивниот материјал.
More from СпортMore posts in Спорт »