Press "Enter" to skip to content

Јосип Периќ: ќе одиграме поквалитетно во Битола отколку во Данска, ќе се обидеме да ги успориме

Утре во Битола продолжуваат меѓународните натпревари на Еурофарм Работник во Европската лига, а ќе гостува екипата на ГОГ Гудме.

По двете победи над Татабања во Битола Еурофарм ги задржа шансите за понатамошен пласман, Јосип Периќ, ракометар на Еурофарм Пелистер за утрешната средба вели.

-По овие две победи мислам дека ќе ни биде многу полесно да го одиграме овој натпревар против ГОГ Гудме. Данците играат многу поразличен ракомет од Татабања. Од првиот натпревар во Данска одигравме многу повеќе натпревари, се запознавме подобро, имаме и некои нови играчи и верувам дека ќе биде поквалитетен дуел од првиот.  Секако дека имаме квалитетни играчи кои не добија голема минутажа досега, но веќе покажаа дека на нив треба да се смета и можат да издвојат свој учинок во екипата.  Играч како Мортен Олсен додава дополнителна снага на младата екипа на ГОГ Гудме. Тој е искусен играч, има завидна биографија и ќе му даде нова нијанса на тимот и ќе бидат поквалитетни со него во тимот. Ние играме поразличен ракомет од нив. Нашиот стил се базира повеќе на одбрана, а тие се млади и негуваат брз ракомет. Ќе се обидеме да ги успориме и да ги победиме.

More from СпортMore posts in Спорт »