Младиот битолски боксер, Ален Рустемов, кој има 16 години, од 8 февруари се наоѓа на подготовки во Белград, Србија, каде на 18 февруари ќе настапи на традиционалниот боксерски турнир “Златна ракавица“, како дел од македонската боксерска репрезентација.
-Турнирот е “Златна Ракавица“ е многу силен турнир, нешто како “Златен гонг“ кај нас, а за мене ова ќе биде голем меч, а се надевам дека на моето прво меѓународно натпреварување ќе покажам добар квалитет, ќе имам добра борба и се надевам и победа до финале, Десетдневните подготовки ќе придонесат полесно да дојдам до целта, ни рече Ален Рустемов.
Инаку, Ален Рустемов е внук на најдобрите боксери од Битола, Шериф Рустемов, Сакип Рустемов и Ружди Рустемов многу познати имина во овој спорт кај битолчани. Ален е многу голем техничар и талент со шампионска крв, а во натпреварите во домашните рингови ќе настапи за боксерски клуб Пелистер од Битола.






