Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме 32:31
Вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ ракометарите Еурофарм Пелистер неочекувано со изменета “прва постава“ ги победија февориризираните финци и обезбедија пласман во понатамошните борби во Лигата на Европа. Иако победија минимално, победата е сосема заслужена, а оваа е четвртата победа во низа.
Победата над данскиот вицешампион ГОГ Гудме дојде по многу престврти во голема борба за секој напад, за секоја топка, си со многу голови на младите Мараш и Костески. Победата е уште поголема бидејќи вечерва пелистерци играа без Велковски, Маџовски, Кушан и Мандалиниќ.
“Пелистерци“ одлично го отворија натпреварот и за само неколку минути имаа предност од 5:2, а потоа следуваше добра игра на гостите и нивно водство од 6:7. Со головите на Костевски имаше израмнување, но на полувреме се замина со гол позитива за ГОГ Гудме.
Во вториот дел со одличните асистенции на Периќ и головите на Граџан, потоа со одличните одбрани на голманот Хендави и головите на Костески дојде до израмнувањето на резултатот на 22.22, а потоа и водство на домаќините од 25:23.
Потоа некое време се одржуваше минималното водство на Еурофарм Пелистер. Се повреди и Кукувски за нови главоболки на Бабиќ, а потоа Еурофарм Пелистер со драматична завршница дојде до победа 32:31.
Најефикасни во Еурофарм Пелистер беа Мараш со 8, Периќ со 7, Граџан со 6 и Костески со 5 гола.
Следен противник на пелистерци во Европската лига е германскиот гигант Рајн некар идниот вторник во Битола, а четири дена и Тартан во СЕХА лигата.
[ngg src=”galleries” ids=”656″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






