Press "Enter" to skip to content

Мојсовски и Перич: одлично се подготвивме, натпревар како што очекувавме, победата заслужена

На официјалната прес конференција по завршувањето на натпреварот во прес-центарот на Еурофарм Работник се појавија помошник тренерот Божидар Мојсов и Јосип Периќ. Двајцата не го криеја задоволството од одиграната партија и извојуваната победа.

-Пред сè сакам да им честитам на гостите, ние очекувавме ваков натпревар. Знаевме дека играат одлично и дека во својот ростер имаат тројца ракометари кои станаа светски шампиони. Ова за нас е една голема победа, затоа што и покрај сите проблеми што ги имаме, ги надминуваме. Имавме многу проблеми со повреди, но вечерва покажавме дека сме тим и дека може да сметаме на секој играч од нашиот состав. Многу сме среќни за победата, пред сè затоа што ние стануваме сериозна екипа, рече Мојсов.

Јосип Периќ го одигра најдобриот натпревар, беше неверојатен на теренот и со седум гола и уште толку асистенции го водеше својот тимот.

-Сакам да им честитам на противникот за одиграната партија. Знаевме како игра ГОГ Гудме и одлично се подготвувавме. За нас ова е една голема, голема победа, со оглед на тоа што во нашиот тим недостасуваа голем број играчи. Мислам дека оваа е нашата најголема победа во оваа Европската лига. Многу сум среќен и горд на целата екипа и уживав во оваа победа, рече Периќ.

More from СпортMore posts in Спорт »