Пелистер Волеј – Те Волеј 2:0 (25:17; 25:11)
Пелистер Волеј – Синалко 2:0 (25:09; 25:18)
Во рамките на пионерско првенство на Македонија во група “В“ во Тетово пионерките на Пелистер Волеј продолжуваат да играат и победуваат со максимален учинок од 100%. Тие денес забележаа две победи од два натпреаври во заостанатиот втор турнир, кој беше одложен во неделата заради студеното време. Тие дена победија убедливо со 2:о по сетови или 4 од 4.
Пионерките на Пелистер Волеј денес во Тетово беа предводени од тренерскиот тандем Трифуновски-Жабјановска, а беа супериорни, ги надиграа и декласираа најпрво Те Волеј, а потоа и Синалко.
-По којзнае кој пат покажавме дека кога се работи за прва фаза, никој нема што да бара од битолчанки, а најмалку победи. Со едната нога веќе сме во првите осум кои ќе го продолжат натпреварувањето за висок пласман, затоа што оваа сезона заради ситуацијата со ковид, екипите од деветто место па надолу завршуваат со натпревари, по завршувањето на групната фаза, истакнуваат од Пелистер Волеј.






