Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник во последните секунди испушти победата над Металург во “Младост“ (фото)

Еурофарм Работник – Металург 27:27 (12:11)

Малку недостасуваше да се исполнат желбите на ракометарите на Еурофарм Работник да дојдат до победа над екипата на Металург, која според она што се случуваше, посебно во вториот дел ќе беше сосема заслужена. Вака со реми на крајот на натпреварот им останува да жалат  само со реми со фаворитот Металург и да ја чекаат наредната шанса за победа, бидејќи радоста им ја расипа примениот гол во последните секунди, по водството од три гола со кое влегоа во завршницата. Инаку, натпреварот започна изедначено и така се одвиваше резултатот се до крајот на првиот дел (3.3, 5:5, 10:10). За одбежување е тоа што во финишот “фармацевтите“ влегоа со +2 (12:10), но на одмор се отиде со гол предност.

Во вториот дел “металурзите“ израмнија 12.12, па се играше гол за гол до 16:16. Потоа домашните ракометари пристиснаа во одбраната и со прецизни удари на голот на гостите дојдоа до 20:17, по серијата од четири гола. Потоа следуваше гол-шоуто на Дрогришки, кој постигна четири гола по ред за четири минути, од 51 до 54, за да влезе во последните пет минути со предност на Еурофарм Работник со +3 (25:22).

Но, за жал на домашните попушти нивната концентрација и понесени од желбата за победа, Металург стигна до израмнување 25:25. Потоа со два гола “фармацевтите“ стигнаа до 27:25, за по 27:26 следуваше тамј-аут и напад во завршницата. Ракометарите на Темелковски во последниот напад промашија, па така се беше во рацете на гостите кои постигнаа гол во последните секунда, за реми 27:27. Десетте гола на Стефан Дригришки и неговата одлична игра и во напад и во одбрана секако се за поздравување, но од другата страна два клучни гола постигна Јагањац, кој погоди во последните напади на Металург во финишот на првото и второто полувреме. Најефикасен кај Еурофарм Работник, покрај Дрогришки со 10, беа и Кузмановски и Петровски дадоа по четири, а кај Металург капитенот Филип Кузмановски постигна 6 гола.

Текст и фото: С. Ристевски

 

 

More from СпортMore posts in Спорт »