На младинското првенство на Македонија одбојкарките на Пелистер Волеј се првопласирани во својата група, со две победи од два натпревари без изгубен сет.
-Младинките на Пелистер Волеј не знаат поинаку, освен со максимален број на победи, со нивната препознатлива игра, по својата упорност и квалитет, истакнуваат од Пелистер Волеј.
Пелистер Волеј – Ускана 2:0 (25:14; 25:14)
Поенити ги освоија: Пејовска Ана 12, Трпеновска Ева 8, Белокозовска Ивана 7, Најдановска Стефани 6, Дамчева Сандра 1, Трајковска Ирина 1 и Цветановска Михаела 1.
Пелистер Волеј – Шкендија 2:0 (25:13; 25:19)
Поенити ги освоија: Трпеновска Ева 10, Пејовска Ана 8, Најдановска Стефани 5, Василевска Јана 3, Белокозовска Ивана 1 и Василевска Ивана 1.






