На трибините во спортската сала “Младост“ на натпреварот помеѓу екипите на Еурофарм Работник и Металург се појави и поранешниот тренер на Пелистер, Касим Каменица.
Касим седеше заедно со претседателот на Еурофарм Работник, Зоран Стерјев и неговиот близок пријател Владе Спасевски, со кои и го следеше натпреварот.
Според неговите зборови, Каменица бил во Скопје, каде го следел “фанјал-форот“ од СЕХА лигата, но не можел да не “претрча“ до Битола, да гледа ракомет и да се види со пријатели.
Дали се ќе остане само на гледање или ќе има нешто посериозно, знаејќи дека сега тој е без ангажман, односно нема клуб, останива да видиме.






