Управата на Еурофарм Пелистер 2 и тренерот Александар Јовиќ конечно најдоа решение за дефицитарното место во тимот од Битола за престојниот плеј-оф, а по неколкуте контролни натпревари 21-годишниот Павле Петровиќ е новото име кој направи договор до крајот на сезоната, секако со можност за продолжување.
Петровиќ во клубските простории во Битола беше и официјално претставен при што рече:
-Дојдов во Битола од БиХ, играв за Локомотива од Брчко и мислам дека ова ми е вистински чекор во кариерата. Многу ми се допаѓа атмосферата во клубот и начинот како се работи, како се игра и задоволен сум од тренерот и прифаќањето од страна на играчите. Ми се допаѓа и опкружувањето и градот. Добро се игра, добро се тренира и екипата е добра. Се бориме и се бодриме и мислам дека во следните еден-два месеци добро ќе се вклопам во новиот тим.











