На 26.02.2021 во Битола, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот на 28 годишник од Битола, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






