Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 4 нови заразени од ковид-19, оздравени 5 пациенти, починато едно лице

Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 4 позитивни на корона вирус.

Пријавени се вкупно 11 починати лица од кои во Битола е едно лице на 80 години во болнички услови.

Регистрирани се 167 оздравени пациенти од кои во Битола се 5 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.