Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Дали социјалните мрежи го поддржуваат нарцизмот?

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Социјалните мрежи во денешно време станаа витален простор за комуникација, социјализација, поврзување со голем број луѓе (стекнување увид во нивниот живот). Со формирање на свој личен профил на социјлните мрежи (ФБ, инстаграм) се создава свој личен виртуелен профил за самопромоција. Во ова социјалните мрежи се многу погодно тло за манифестирање на егзибиционизам, егоизам, и површност. Тоа е простор во кој е едноставно да се гради идеализирана слика на себеси. Во прилог кон тоа оди и можноста за одржување на површни пријателства, често со непознати лица, чија наклоност и внимание се добиваат со објавување на самопромотивен материјал (најчесто провокативни фотографии).

Социјалните мрежи можат да влијаат врз формирање и поддржување на одредени карактеристики на личноста. Се поставува прашањето Дали социјалните мрежи го подржуваат нарцизмот? Истражувањата покажуваат дека кај значаен број на млади луѓе степенот на нарцизам е во пораст и може да се мери со оној кој постои кај некои јавни личности. Нарцистични особини се посебно изразени кај инфлуенсери, ју тјубери тик ток, реалити звезди на кои младите се почесто се угледуваат и ги идеализираат.Нарцизам карактеристики

Умерена доза на нарцизам, односно љубов спрема себеси е здрава, пожелна и функционална појава. Меѓутоа кога таа љубов стане прекомерна и дисфункционална, се смета за патолошка. Висока самодоверба и грандиозност кои нарцистичните личности ги презентираат, само се маска за незрела личност со сомнеж во сопствените способности и неможнсот за функционално носење со критики. Обично се склони кон промискуитетно однесување, а како инструмент за привлекување на внимание најчесто го користат својот физички изглед.Како ќе ги препознаеме нарцистичните личности на социјалните мрежи?

Овие личности ќе ги препознаеме и по тоа што постојано објавуваат статуси за тоа: каде се, што прават, бидејќи веруваат дека тоа ќе ја интересира публиката, однсосно нивните следачи, виртуелни пријатели. Се фалат за местата кои ги посетуваат, брендирана гардероба, луксузни автомобили, што јадат, што пијат… Главна цел НЕ ИМ е им е да покажат дека се убави, моќни, успешни. Туку дека се поубави, помоќни и поуспешни од другите. Многу време вложуваат во уредување на својот профил и се разбира на нивните фотографии. Преокупирани се со тоа колку лајкови добиваат и какви коментари добиваат на нивните објави. Имаат искривена перцепција за реалноста – со оглед на тоа што вообичаено имаат неколку стотини или илјада следачи (виртуелни пријатели). Веруваат дека и во РЕАЛНИОТ ЖИВОТ се во центар на внимание, што воглавном е далеку од вистината.Социјални мрежи и нарцизам

Лошото влијание, посебно врз младите кои се во процес на формирање на својот идентитет, може да води во два смера. Одреден процент на младите, со помош на социјалните мрежи, да развијат, зацврстат и да промовираат свои нарцистички особини. Одреден процент на младите може да бидат исфрустрирани со фактот дека животот на поголемиот дел од нивните врсници (посебно оние кои спаѓаат во претходно наведена група изгледаат совршено, додека себеси се гледаат како „не доволно добри“ или „поинакви “ од другите што често влијае на нивната самодоверба. ( тема која ќе се разгледува во следен текст).Препораки за родители

Се смета дека основната структура на личноста се формира до некаде 13 година, и дека после тоа следи нејзино обликување до конечен личен идентитет. Заради тоа веќе во раното детсво, родителите се примарен фактор на социјализација и во овој сегмент треба да се поставуваат границите.  Детето треба да се усмерува на едукативни и забавни, прилагодени
спрема ВОЗРАСТ, содржини на Интернет. Времето треба да се ограничи, за да не оди во правец на развивање на зависност.

Меѓутоа можеби и клучно со горе споменатото е да не се користат децата во цел на лична промоција и задоволување на лични нарцисоидни потреби на социјалните мрежи. Ако детето гледа пример во родителот и го „ учи “ да се фотографира за социјалните мрежи, дека треба да добива што повеќе лајкови и коментари, очекувано е дека и само ќе го усвои тој модел на однесување како прифатлив. Можеби е неадекватно да се каже дека социјалните мрежи сами по себе предизвикуваат нарцизам, но факт е дака ги подржуваат, негуваат и поттикнуваат постоечките нарцисоидни црти на личноста.

More from СоветиMore posts in Совети »