Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 1 позитивен на ковид-19, оздравени 5,

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола е само едно лице.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти од Битола се петмина.

Вчера не се правени ковид тестови во ЦЈЗ Битола, а во Битола до сега се 3.441 лица кои биле или се позитивни на ковид-19.

Активни се 181 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.