Press "Enter" to skip to content

25 нови позитивни на ковид-19 во Битола, оздравени 4 пациенти

Според информации на министерството за здравство објавени на нивниот фејсбук профил во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 25 позитивни на корона вирус.

Регистрирани се 314 оздравени пациенти од кои во Битола се само 4 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.