Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Абориџинец ги забавува битолчани по Широк Сокак

Вчера, а како ни рече гостинот од Австралија, и денес на Широк Сокак во Битола ќе ги забавува битолчани и останатите намерници со традиционална абориџинска музика.Гостинот од Австралија, како рече потомок на Абориџините, во Битола беше доста расположен за разговор со битолчани. На оние кои  застануваа да ја слушаат неговата музика и да му остават во шапката некој денар, им кажуваше од каде доаѓа и на какви иструменти музицира.Но, се интересираше и за нашиот град за основните работи, колку има жители, колку е стар градот…, но беше и доста расположен за фотографирање.