Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 16 лица позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од кои 42 се од Битола.
Направени се во ЦЈЗ Битола 78 ковид тестови, а во Битола има активни 183 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.






