Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло, за викендот намалување на температурата

Денес, петок, 5 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 16 степени.

Утре, сабота, 6 март, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, особено во западните и северните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16 степени.