По повод Меѓународниот ден на инженерството, на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ се одржааа првите е –дијалози на тема „Инженерството во општеството“, кои се регистрирани и објавени и на официјалниот веб сајт на Светската инженерска организација (WFEO).
На настанот со свои теми учество зедоа проректорот за наука на Универзитетот од Битола ред. проф.д-р Игор Неделковски, претседателот на Комисијата за самоевалуација на УКЛО, проф. д-р Марија Маленковска Тодорова, што дополнително говори колку студентските активности значат и повисок квалитет во високото образование, потоа, професори од Технолошко-техничкиот факултет, Правниот факултет, Педагошкиот факултет, Техничкиот факултет, како и двајца студенти презентери со своите успешни приказни како стипендисти и учесници во програмата на МОН за туторство, кои го истакнаа значењето на поддршката од наставниот кадар и вложувањето на научната институција во нивно профилирање на патот до успешен млад инженер.
Следењето на целите на Обединетите нации за технолошки напредок и одржлив развој на општеството, да се стремиме кон постигнување на повисока свест за значењето на инженерите и инженерството во глобални размери, и издигање на инженерските профили и кариера е наш постојан предизвик.
Е-Дијалози на УКЛО „Инженерството во општеството, регистрирани и објавени се и на официјалниот веб сајт на Светската инженерска организација (WFEO), потврдивме дека обединувањето на инженерството со останатите научни области значи создавање на дела кои говорат за постоење на бројни идеи, а дека со упорност и правилна организација на знаењето се чекори кон поквалитетно студирање, создавање на потенцијал за одржлив општествен раст и развој, градење на ставови за подобрување на местото и улогата на инженерите во општеството, но и градење на политика за подигнување на степенот на соработка помеѓу универзитетските единици.
-Веруваме во уште посмело вклучување на студентите во идните активности на УКЛО, на се позасилена соработка наставник-ментор-студент, бидејќи беше и истакнато дека инженерството не е поврзано со донесување на совршени одлуки, но, затоа ни се тука правните науки, како и тоа дека одличен инженер не значи дека ќе биде и одличен наставник, но, затоа пак тука се педагошките методи и техники. Нека продолжи предизвикот за инженерите да го следат последниот збор на техниката „state-of-the-art, а тоа значи да бидат спремни на доживотно учење и нови знаења, порача проректорот Неделковски.






