Корона кризата не ги спречи наставниците и учениците од ООУ “Св. Климент Охридски“ од Битола да организираат активности посветени на граѓанското образование. Активностите се спроведуваат на далечина или преку хибриден модел кој комбинира дигитални активности на далечина и активности со физичко присуство. На тој начин се зајакнуваат граѓанските компетенции на учениците. Одбележувањето на отворениот ден за граѓанско образование се одбележува под мотото „Здравјето пред сè“.
Ученици од сите одделенија учествуваа во многу интересни активности и со физичко присуство и на далечина. Се одржа онлајн дебата на тема „Заедно против Короната“. Учениците од прво до трето одделение се претставија преку цртежи, стихови и обработка на текст со примена на различни техники.
Дефектологот на знаковен јазик ги учеше учениците од трето одделение на основните правила за одржување хигиена. https://www.youtube.com/watch?v=_uBhPZDBdoc
На италијански и француски јазик учениците не запознаа со ретките болести. Преку драмскиот текст „Битолското чупе во куќата на витамините и презентации за здравата храна учениците од четврто и петто одделение пренесуваат порака: ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СÉ!
Беше организирана и изложба, издадени две електронски книги: стихозбирка со цртежи од активите по македонски јазик, странски јазици, ликовно и информатика и интерактивна книга „Здравјето пред сè “, активите по природни науки, биологија и хемија, активот по историја и географија од активот по математика, како и активности со вежби во природа под мотото „Во здраво тело, здрав дух“.
https://www.canva.com/design/DAEXI_B2uXg/e_kFCau_zgLAPXS1vsgqSw/edit?fbclid=IwAR1rbRRUXXRyrt4LoIXZKEvZBxkzbINEOD6xHRQdtKd5ESB1uZAa6saBVoY
Со запазување на сите протоколи за заштита се одржа и главниот настан во дворот на училиштето со цел да се поттикне развивање на активни и одговорни граѓани и да се негува демократска клима во училиштето. Дел од активностите беа посетени од советничката Лидија Кондинска од БРО.
За крај на целиот настан учениците од хорот и оркестарот испратија силна порака со песната „Корона чао“.






