Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведувања во Битола за фалц евра и пукање во воздух

На 05.03.2021  во Битола од полициски службеници од СВР Битола е лишен од слобода 36 годишник од Битола постапувајќи по претходна пријава во 14.30 часот лице на 41 година  од Битола дека во неговата менувачница околу 14.00 часот дошол пријавениот за да размени евра во денари, при што од страна на пријавителот било забележано дека четири банкноти во апоени од по 50 евра се фалсификат по што пријавил во полиција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.03.2021 во СВР Битола биле приведени две лица затоа што околу  02.00 часот пукале во воздух од ловна пушка на ул. “Димитар Илиевски Мурато“ во Битола. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот