Денес, среда, 10 март, во Битола според прогнозата на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 10 степени.
Утре, четврток, 11 март, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено претпладне. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени.






