Денеска во дворовите на на деветте детски градинки на Јавната општинска установа за деца „Естреја Овадија Мара“ беа посадени 11 дрвца. Со овој чин, проектот „Еврејски гробишта-Битола“ кој го реализира Здружението за одржлив урбан развој АРХАМ, Битола заедно со партнерите од Израел и од земјата, ја одбележуваат 78-годишнината од исчезнувањето на Еврејската заедница на Македонија.
Настанот во Битола е дел од меѓународната акција да се засади по едно дрвце за секој наш сограѓанин кој настрада во огновите на Холокаустот. Садењето дрвцата е во оваа детска греадинка затоа што веќе 60 години го негува споменот на младата битолчанка, народниот херој Естреја Овадија –Мара.
-Во духот на годинашната комеморација на 11 март, денот на Холокаустот на Евреите од Македонија, започнуваме со садење на зимзелени дрвца, вкупно 11, во спомен на 11 март од Битола. Никогаш повеќе Холокауст, омраза, заблуда, нека биде љубов меѓу луѓето и внимание за сите. Ќе го одржуваме овој дух се додека новата реалност не ни дозволи повторно да ги поканиме гостите од цел свет и да садиме заедно, рече Марија Герас Дочовска, раководител на проектот „Еврејски гробишта-Битола“.

Засадени дрвца во градинките на „Естреја Овадија Мара“ во спомен на изгубената Еврејска заедница во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бимилк го одбележува Денот на семејството со продолжување на партнерството со СОС Детско село
- ОЈО Битола со истрага за убиство при семејно насилство на Баирот, осумничениот ја убил на спиење
- Секторот за внатрешни работи Битола со АПЕЛ до граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 22 степени
- Во завршна фаза на изградба е новата боксерска сала





