Промоцијата на монографијата „Последниот албум, чувар на спомените на Еврејската верска општина во Битола“ чиј организатор е Општина Битола, се одржа во Заводот и музеј од Битола, кој што е поддржувач на овој настан.На промоцијата говореа авторот, историчарот и проф. д-р д-р Александар Манојловски и промоторот Мишо Китановски.
-Монографијата е резултат на моето повеќе годишно научно истражување во архивите во земјава, но и во претходна Југославија, како и во Софија. Особена чест ми е што општината ја прифати мојата понуда да се одржи промоцијата токму во Битола, каде што еврејската заедница опстојувала со векови. За жал, сето тоа згаснува по Вторатасветска војна, но постои Македонската еврејска заедница, која е грижи да се сочуваат и одржуваат настаните поврзани со нив. Монографијата нуди многу нешта, 350 страници научен текст со над 400 фотографии од опусот на браќата Манаки. Недостигот на одредени документи поврзани со историјата на еврејската заедница ме мотивираше за создавањето на ова дело, конкретно за време на окупацијата и депортацијата. Сакам од моја страна да излезе историската виделина на површина и да биде достапна до јавноста, истакна авторот д-р Александар Манојловски и додаде:
-Монографијата е плод на повеќегодишна истражувачка работа во Архивот на Еврејскиот историски музеј во Белград, Архивот на Југославија во Белград, архивот во Битола, Државен архив Софија, Универзитетските библиотеки во Скопје и Битола, и е поткрепена со архивска документација и научна литература. Секоја фотографија содржи име личностите што се прикажуваат и местото, а отвора ново поглавје за проучувањето на историјата на битолските Евреи.
Промоторот на книгата писателот, Мишо Китановски, потсети на тоа дека од Битола, на 11 март 1943 година биле депортирани 798 семејства со 3,351 битолски Евреи и додаде:
-Тој ден, кога била депортацијата на битолските Евреи, на 11 март утрото било многу студено и врнело снег. Од 6 до 8 часот почнало собирањето на битолските Евреи, а првата група во 8,10 часот пристигнала на железничката станица. Се треселе од студ и страв собраните деца, во очај биле мажите и жените. Овој историски и непоткуплив факт денес да се негира од бугарска страна значи да се негира животот што згаснал.
На промоцијата зборруваше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, кој се осврна и на сеќавања на нејзини блиски за депортацијата на Евреите.
-Битола во себе крие многу спомени. Некои нè развеселуваат, но некои нè прават тажни. Постојат два аспекти како да се навраќаме на нив и се суштински за веродостојно зачувување на она што се случувало. Едниот е овој, како издавањето на оваа монографија, која што е научно заснована и се потпира на документи, факти, кои што ја кажуваат вистината на она што се случувало. Токму поради научната основа и тоа што се потпира на архивски документи, за мене е посебно значајна. Другиот аспект е на живите луѓе, кои што сведочат за она што се случувало и се дел, или биле дел од нашите живот. Во оваа прилика, ќе кажам еден сегмент, кој потврдува дека она што се случило во Битола со Евреите, оставило длабоки врз тогашните битолчани. Мојот свекор имал 9 години кога биле депортирани Евреите од Битола и седел на работ од една улица, гледајќи како во колоната од луѓе кои што заминуваат, се наоѓаат и неговите другарчиња. Едноставно, солзите во неговите очи, само му укажувале дека станува збор за нешто што ќе носи последици, повеќе никогаш да не ги види своите другарчиња, без како 9 годишно дете да ги знае причините зошто тоа се случувало. Ваквите сведоштва и чување на спомените, можат да ни дадат добробит во денешницава, како треба доброто од минатото да го користиме, повторуваме и правиме во сегашноста, а она што значело зло никогаш повеќе да не се повтори.
Промоцијата беше збогатена и со изложбата „Сведоштво на битолските Евреи низ фотографското творештво на браќата Манаки“, која содржи фотографии, кои се составен дел од монографијата. Изложбата во организација на Еврејската заедница ќе биде достапна за посетителите во Заводот и музеј до петок, 12 март.

Незаборав зачуван во книгата “Последниот албум, чувар на спомените на еврејската заедница во Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Избран ректор на УКЛО Битола, проф. д-р Игор Неделковски ќе го води Универзитетот во втор мандат
- Општина Новаци ќе дава субвенции од 10.000 денари за полагање возачка дозвола од “Б“ категорија
- Денес гласање за ректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола
- СВР Битола: опожарени три возила, приведени три лица за дрога во Лавци
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 24 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Факсимили од роднокрајни писатели претставени на уникатна поставка во Библиотеката
- Свечено отворен 26. интернационален фестивал на монодрама јубилејен во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- „Д (како Дездемона)“ – современ танц на вечерашното отворање на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола
- Дали секој родител треба да дојди на оваа изложба? Ќе му ја дадеш шансата што ти ја немаше?
- В сабота во Битола почнува 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама (фото)