Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.707 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 24.
Регистрирани се 351 оздравени пациенти од кои во Битола се 4.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 89 ковид-19 тестови, а во Битола активни се 248 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845 .






