Во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 34.
Починати се 15 лица, еден од Битол на 73 години.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти, а од Битола се 15.
Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.






