Викендов по паузата поради Велигденските празници продолжија натпреварувањата од Боксерската лига на Македонија, во младинска и сениорска конкуренција.
Во Делчево се одржа третото коло на Првата и Младинската боксерска лига, кое досега предизвика најголем интерес кај боксерскитре клубови, кои за ова коло пријавија и на рингот појавија најголем број на боксери, но и кај публиката која ја имаше во голем број.
Боксерскиот клуб Пелистер исто така за разлика од второто кол се појави со поголем број на боксерски, како во младинска така и во сениорска категорија.
Александар Најдовски – Сканта ја имаше својата втора борба и ја забележа втората победа, а по враќањето во Битола ни рече:
-Во второто коло имав пауза и не се појавив на рингот поради повреда, но во третото коло настапив и ги продолжив борбите со победа, а така мислам да продолжам и до крајот на лигата. Ќе има тешки борби, но мислам дека вкегувам во добра форма, која ќе ја зачувам со тренинзи до крајот.
Боксерите на Пелистер ги постигнаа следните резултати:
Јуниори:
-60 кг / Аслан Фазлиу (А. Огненовски) – Оран Шакировски (Пелистер) 0-2
-69 кг / Ерај Мехмед (П. Пантер) – Рамон Казимов (Пелистер) 0-2 (прекин)
Сениори:
-60 кг / Јове Петровски (Пелистер) – Александар Шумковски (Универзалци) 2-0
-91 кг – Димитар Јовановски (А. Огненовски) – Александар Најдовски (Пелистер) 0-2






