Поради нови заразени од ковид-19 во редовите на МЗТ Скопје, одложено е дербито со Пелистер од Битола кое требаше да се игра во Скопје утре, недела, со почеток во 19 часот.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, има двајца нови со позитивни резултати на последното тестирање од ковод-19, а заразени се капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Дарко Радуловиќ. Уште двајца имаат симптоми на ковид-19 и се во изолација, се вели во соопштението на МЗТ Скопје, во кое се додава:
-Поради ова МЗТ Скопје беше приморан да бара одложување на дербито со Пелистер за да се спречи понатамошното ширење на вирусот МЗТ, а ова барање наиде на разбирање од страна на лидерот и големото дерби е откажано, со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот, како во нашиот тим, така и во битолскиот состав, кому сме му благодарни што веднаш излезе во пресрет.
Дербито меѓу МЗТ Скопје и Пелистер требаше да се одигра утре, а денес на програмата се три натпревари: ТФТ – Еуро Никел 2005, МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар, Работнилки – Академија ФМП








