Утре ќе се одржи најголемиот одбојкарски настан во Битола за оваа сезона, завршницата за титулата младински првак на Македонија, каде покрај домаќинот екипата на Пелистер Волеј се и екипите на Фит Фан Волеј од Скопје, Наковски Волеј од Струмица и Јанта Волеј од Скопје
-Ова се екипи кои на патот до Ф4 минаа речиси без пораз по групи, но и во баражните натпревари. Секако дека силите се израмнети и сите екипи се под еднакво квалитетни, па така речиси и да не постои фаворит. Ваквата израмнетост во квалитетот на екипите ветува долги, исцрпувачки натпревари, веруваме со многу убавина, надигрување и надмудрување. Недела ќе биди празник на одбојката во Битола, а атмосферата верувајте ќе биди пеколна со бројна публика и со многу навивање, велат од одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, кој ги повикуваат љубителите на овој спорт да не пропуштат да бидат дел од овај голем настан.
Инаку, младински првак од минатата сезона 2016/2017 година е екипата на Јанта Волеј од Скопје, нашиот Пелистер е бронзена екипа од лани.