Работнички – Пелистер 3:1 (2:0)
Екипата Пелистер од Битола на денешното гостување во Скопје, во единствениот денешен натпревар во рамките на 26. коло на ПМФЛ е поразена со 3:1, полувреме 2:0 од Работнички.
“Пелистерци“ започнаа со одлична игра и неколку шанси во серија, преку Маневски, Гудијаби и на крај Пејаковиќ. “Романтичарите“ откако се одбранија ја презедоа иницијативата и имаа две шански. Во 22. минута по една катастрофална грешка на гостинската одбрана Станковски погоди за 1:0. Следуваше голот на Ѓурѓевиќ за 2:0 на полувреме.
Во второто полувеме нова грешка на Пелистер, овој пат на Спиркоски, гол на Јевтоски за убедливи 3:0. Пелистер постигна почесен гол преку Кочоски во самиот финиш за конечни 3:1.








