УГД Студент – Пелистер Волеј 0:3
(10:25, 19:25, 16:25)
Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола денес во Штип забележаа нова, 12. по ред во Втората фаза од Лигата. Оваа е 4. победа во низа, во натпревар во кој уште во првиот сет битолчанки беа нерешлива енигма за екипата на УГД Студент од Штип.
-После силно и убедливо добиениот прв сет, нивото на игра видно опадна, што и беше за очекување, иако домаќинките на моменти во вториот сет покажаа дека можат да се заканат. Сепак денес Пелистер атакуваше на сигурна победа која и ја оствари, која е само уште награда за младите одбојкарки кои одлично ја претставуваат Битола на спортски план, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.
Утре Пелистер Волеј во Битола, во 13 часот, го игра заостанатиот натпревар и ја пречекуваме екипата на Виктори Волеј од Струмица.








