Press "Enter" to skip to content

Во Битола семинар на ФФМ за детските лиги

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија, утре во Битола, ќе одржи еднодневен семинар во врска со детските лиги.

Семинарот ќе го водат Небојша Марковски – директор на центарот за едукација на ФФМ, Зоран Стратев – технички директор на ФФМ и Филип Поповски  – генерален секретар на ФФМ.

Едукативни предавање ќе имаат:

-Бојан Марковски од ФФМ, за концептот, форматот, идејата и значењето на детските лиги и значењето на тренерот,

-Ленче Алексовска – Величковска, декан на Факултетот за физичка култура, за психологија на млади спортисти и однос на тренер со родител и спортист,

-проф. д-р Ванчо Поп-Петровски, за исхраната на спортистите со препорака и принципи.

Во попладневната сесија ќе стана збор за судиската организација, а ќе зборува и координатор, Лазе Гаштаров.

-Семинарот е бесплатен и пожелно е да присуствуваат поголем број на родители кои ќе се стекнат со ,,Д“ лиценца на ФФМ, вели Лаза Гаштаров.

Семинарот ќе се одржи во Центарот за култура (мала сала) во Битола на 16.11.2017 од 10:00ч.

Фудбалската Федерација на еднодневен семинар ќе го одржи во Центарот за култура (мала сала) во Битола на ден 16.11.2017 г., четврток, со почеток во 10  часот.

More from СпортMore posts in Спорт »