Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 35 позитивни на ковид-19, оздравени 94, починати 6 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 35.

Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти од кои во Битола се 94.

Пријавени се вкупно 46 починати лица од Битола се 6 на возраст од 53, 67, 70, 72, 78 и 90 години во болнички услови.

До сега во Битола 5.326 лица биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 1.263 случаи.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 94 и преку болница “Плодност“  60 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 669.141 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.