Press "Enter" to skip to content

Реми во Битола, Еурофарм Пелистер 2 прими гол на седум секунди пред крајот

Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26:26 (11:14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Маталари и Николовски (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 5, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 1, И. Димитровски 2, С. Талевски 6, Стоилевски 5, Пет. Атанасијевиќ 1, Дрогришки 4, Блажевски, Арсеновски 1

Седмерци: 7/3 Исклучувања: 6 минути

Охрид: Брауновиќ, Даниловски, Андоноски 1, Ивановски, Кривокапиќ 5, Блажески 4, Костов, Чагаљ 4, Николов 1, Соколов, Младеновиќ 2, Манасков 5, Ристески, Димитриески, Тот 4

Седмерци: 3/2 Исклучувања: 6 минути 

Во рамките на петтото коло од плеј-оф, во Битола во салата “Боро Чурлевски“ екипата на Еурофарм Пелистер 2 во самиот финиш на натпреварот, на само седум секунди пред крајот прими гол и одигра нерешено со Охрид, 26:26, полувреме 11:14.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 добро го отвори натпреварот и поведоа со +3, по пто следуваше серијата на охриѓани 0:4, за во 19. минута да биде 7:8. Потоа нова серија на Охрид од 0:6, за на одмор се замина со 11:14.

На стартот на вториот дел екипата на Охрид ја одржуваше предноста, а сапо по 5 минути игра во 35. беше +5. Домаќините потоа намалија на 16:18 и продолжија со агресивна одбрана, а во 54. минута Еуеофарм Пелистер израмни на 22:22. Потоа следуваа два гола за 24:22, па намалување на 26:25, за да на седум секунди до крајот Охрид израмни на 26:26.

Најефикасен на Еуеофарм Пелистер 2 беше Стефан Талевски со шест и Стоилевски и Павле Атанасијевиќ со по пет погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »