Денес, вторник, 13 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени.
Утре, среда, 14 април, во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно и посвежо со локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. Температурата во Битола до 14 степени.






