Пред три години на “кривината“ на Тумбекафе над Битола, од каде е неповторлиовиот поглед кон дел од Битола, Пелагонија и Кајмакчалан, неформалната група од Битола “Везден Млади“ постави клупи за одмор на местото, каде имаше импровозирани клупи од штици, а ги напрвиле некои други љубители на природата.
Но, како и секогаш се случува наместо тоа да се одржува и надоградува, се уништуваат работите. Така сега многу млади и стари од Битола кои рекреираат на Тумбекафе на ова место се одмараат на клупата, но и загадуваат. Како се гледа секој ден тука има се повеќе, ѓубре, пластика, најлони, а при секој ветар тоа се разнесува се подалеку и се е потешко да се собере.
Минатата година токму во ова време “Везден Млади“ ги поправија и ги офарбаа клупите, а по се изгеда дека оваа година ќе треба да се искачат на Тумбекафе и да им соберат ѓубрето на битолчани, кои не знаат да ценат ни природа, ни нечиј труд.

Фото вест: “Везден млади“ поставија клупи, а некои други млади и стари загадуваат по Тумбекафе
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер до лесни бодовите во Прилеп





