Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 96.
Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти од кои од Битола се 64.
Во Регионалниот ковид центар, кој се наоѓа во битолската Болница, а на инфективно, физикална и модуларната болница денес вкупно има 149 пациенти на болничко лекување, најголем во тешка здравствена состојба и на кислородна поддршка.
До сега во Битола има 5.424 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 1. 234 случаи.
Пријавени се вкупно 27 починати лица, од нив 3 лица од Битола на 60, 66 и 79 години, починати во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 112 и преку болница “Плодност“ 95 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.






