Денес во рамките на активностите кои ги реализира Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Центарот за кариера, алумни и доживотно учење во функција на промоција на студиските програми и воспоставување на поинтензивна соработка со бизнис заедницата, а во рамките на проектот „Мојата успешна приказна“, студентите и професорите имаа можност да го проследите обраќањето на Виктор Мизо, генерален менаџер на “KOSTAL“ од Охрид.
-Ова беше можност да воспоставиме поблиска соработка со овој значаен производствен капацитет во земјата и давање на можност дел од нашите студенти својата иднина и кариера ја пронајдат во оваа германска инвестиција и продолжат во неа по дипломирањето со нивниот развој, животна и професионална кариера, како и усовршување, рече проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.






