Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 68.
Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од Битола се 74.
До сега во Битола има 5.577 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 1.282 случаи.
Пријавени се вкупно 35 починати лица од кои 3 починати лица Битола на 64, 65 и 74 години починати во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 90 и болница “Плодност“ 64 ковид тестови.






